Францускиот напаѓач Жан Филип Матета беше жртва на ужасен старт во ФА Купот, кога голманот на Милвол, Лијам Робертс, влезе во дуел со подигната копачка и го удри директно во главата.
Инцидентот предизвика голем прекин на натпреварот, а судијата Мајкл Оливер по ВАР прегледот веднаш го исклучи Робертс.
Матета доби 25 конци, но е пуштен на домашно лекување
По ударот, Матета беше итно пренесен во болница, каде што лекарите утврдија дека ќе има траен белег, бидејќи расекотината од крампоните била длабока.
„Играчот доби 25 конци во пределот на увото и ќе остане под надзор на клубските лекари во следните неколку дена,“ соопшти Кристал Палас.
Најважната вест е дека Матета е пуштен на домашно лекување и ќе биде под мониторинг на медицинскиот тим на клубот.
Реакции во Англија
Овој инцидент предизвика бурни реакции во англиската фудбалска јавност. Многумина сметаат дека стартот на Робертс бил премногу опасен, а други тврдат дека немало намера да се повреди играчот.
Со оглед на сериозноста на повредата, останува да се види колку време Матета ќе биде надвор од терените и дали ќе успее да се врати во форма по овој тежок момент.