Смешна ситуација по победата на Фенербахче
На прес-конференцијата на Жозе Мурињо, која се одржа по победата на неговиот тим Фенербахче над Ризеспор со резултат од 3-2 во турската лига, се случи урнебесна сцена која брзо стана хит на социјалните мрежи.
Грешка во преводот
Мурињо, познат по своите забавни и искрени изјави, на англиски рече: „Влегувам во зона на самракот“ (Twilight zone). Но, преведувачот го помеша зборот „самрак“ (Twilight) со „тоалет“ (Toilet), што предизвика моментална реакција од Португалецот.
Урнебесен одговор од Мурињо
Кога преведувачот го праша: „Рековте тоалет зона?“ Мурињо веднаш го поправи: „Не тоалет, човеку! Самрак!“, а потоа на шега го потчукна преведувачот. Сцената предизвика смеа кај сите присутни и веднаш стана вирален момент.
Видео од ситуацијата се споделува на социјалните мрежи, при што корисниците го поздравуваат чувството за хумор на Мурињо.