Сè повеќе луѓе инвестираат во злато – еве зошто тоа е паметен потег

Инвестициското злато станува сè популарна форма на штедење и заштита на капиталот, особено во време на економска и геополитичка нестабилност. Само во последните пет години, вредноста на златото се зголеми за 77%, што ја позиционира оваа форма на инвестиција како една од најисплатливите на пазарот.

Зошто златото е повторно „златен“ избор?

Зголемената побарувачка за злато е резултат на неколку фактори – од пандемијата, преку економските кризи, до растечките геополитички тензии и трговските војни. Рекордниот скок на цената – до 3.000 долари за унца во март – е директен резултат на овие глобални предизвици.

Иако златото долго време се сметаше за класичен начин за заштита од инфлација, денес тоа е и сè почест избор на оние што сакаат да имаат физичка, стабилна вредност во својот инвестициски портфолио.

Што велат прогнозите?

Големите банки се оптимисти. Goldman Sachs прогнозира цена од 3.300 долари до крајот на 2025, додека Bank of America предвидува скок до 3.500 долари. Долгорочно, проценките од Глобалната асоцијација за злато предвидуваат цена и до 7.000 долари по унца до 2030 година.

Хрватите инвестираат сè повеќе

Во Хрватска, продажбата на инвестициско злато порасна од 50 милиони евра во 2018 до 350 милиони евра во 2023 година. Ако трендот продолжи, годинава се очекуваат инвестиции од над 500 милиони евра.

Популарни се шипки од една унца, но сè повеќе луѓе избираат и помали, од 1 до 5 грама – погодни како подароци или за постепено штедење.

Нов начин на штедење – злато наместо банка

Сè повеќе луѓе наместо да ги чуваат парите во банка, каде што инфлацијата ја јаде нивната вредност, одбираат да инвестираат во злато. Овој начин овозможува зачувување на куповната моќ и создавање стабилна иднина – без разлика дали станува збор за подароци, месечно штедење или големи инвестиции.

Verified by MonsterInsights