Симптомите се појавиле по тренингот
Францускиот фудбалер Килијан Мбапе, новата ѕвезда на Реал Мадрид, е итно хоспитализиран во САД откако доби симптоми на акутен гастроентеритис по еден од тренинзите. Според информациите од клубот, Мбапе се почувствувал лошо уште на 17 јуни, по што бил изолиран во хотелската соба.
Целосна изолација и терапија
Во следните денови, тој останал во изолација, консумирајќи само вода и овошје, без сила за нормални активности. Лекарите веднаш му препишале терапија, но со оглед на тоа што состојбата не се подобрувала, беше донесена одлука за хоспитализација.
Неизвесен за натпреварот со Пачука
Мбапе нема да игра на натпреварот од Светското клупско првенство против Пачука, а неговото враќање на терен останува неизвесно. Температурите на турнирот – над 35 степени и висока влажност – ја отежнуваат ситуацијата.