Нов скандал во Барса: Ла Лига бара санкции за финансиска измама

Ла Лига отвори истрага против Барселона поради сомнежи за финансиска манипулација поврзана со продажбата на ВИП местата на реновираниот стадион Spotify Camp Nou. Шпанската фудбалска лига поднесе официјална жалба до Врховниот спортски суд, тврдејќи дека Каталонците користеле фиктивни компании за да ги заобиколат финансиските регулативи.

Спорната компанија New Era Visionary Group

Главен фокус на истрагата е компанијата New Era Visionary Group, која е инкорпорирана во Обединетите Арапски Емирати. Според извештаите на „El Confidential“, оваа компанија купила дел од ВИП местата за 28 милиони евра, но Ла Лига се сомнева дека фирмата е всушност создадена од Барселона со цел да манипулира со финансиските правила.

Дополнителен сомнеж предизвикува и фактот што New Era Visionary Group отвори канцеларија во Шпанија во јуни 2024 година со минимален капитал од 3.000 евра, а само неколку месеци подоцна беше доделен проект за мрежната инфраструктура на новиот Камп Ноу.

Барселона под лупа

Барселона официјално не објави детали за купувачите на ВИП местата, но Ла Лига тврди дека веќе ги има пронајдено имињата, вклучувајќи ја и New Era Visionary Group. Доколку истрагата докаже дека трансакциите биле фиктивни, Каталонците би можеле да се соочат со сериозни санкции, вклучително и нови ограничувања за трансфери и финансиски казни.

Verified by MonsterInsights