Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, се обрати пред медиумите по победата над Индијана Пејсерс, и во текот на разговорот се осврна и на својот однос со Мајкл Џордан, човекот со кого често се споредува.
„Фокусиран сум на мојата кариера“
По прашањето за тоа дали разговара со Џордан, Леброн беше директен:
„Не зборуваме со Мајкл затоа што јас уште сум активен кошаркар и фокусиран сум на мојата кариера. Сите го знаеме Џордан и знаеме дека беше еден од најбруталните спортисти во историјата.“
Тој додаде дека моментално не е време за градење поблизок пријателски однос:
„Ќе мора да ме гледа како го носам неговиот број 23 секогаш кога се прави паралела помеѓу нас двајцата. Нашиот пријателски однос ќе мора да почека.“
„Секогаш сум му се восхитувал“
И покрај моменталната дистанца, Леброн истакна колкава инспирација му бил Џордан во текот на целата кариера:
„Имам само максимална почит за Џордан, отсекогаш му се восхитував и сакав да бидам како него. Токму затоа и го носам овој број на дресот.“
Леброн го одигра својот 1.238 натпревар во кариерата на кој постигнал десет или повеќе поени, а против Индијана уфрли 13 поени, доволно за 44. победа на Лејкерси оваа сезона.