МАКЕДОНИЈА

policija kombe

30-дневен притвор за петмина турски државјани осомничени за убиството во Штип

Судија на претходна постапка од Основниот суд во Штип одреди 30-дневен притвор за петтемина турски државјани инволвирани во убиството на 25-годишниот Е.О., кое се случи на 8 мај во кафе-бар на плоштадот во Штип. Осомничените се спроведени во Затвор Куманово.

30-дневен притвор за петмина турски државјани осомничени за убиството во Штип Read More »

Скопјанка уценета од соученици: Им дала 25.000 евра за да го поштедат нејзиниот брат

Случај на уцена и психолошка тортура ја потресе скопската населба Бит Пазар. Малолетна ученичка од основно училиште, под силен страв и притисок од нејзини соученици, им предала вкупно 25.000 евра за да го заштити својот болен помал брат.

Скопјанка уценета од соученици: Им дала 25.000 евра за да го поштедат нејзиниот брат Read More »

Селотејп протест на Плоштад Македонија: Кочанчанец праша – заборавивте ли на трагедијата?

Плоштадот Македонија денес беше сведок на невообичаена и силно симболична сцена: млад кочанчанец, стоејќи на неколку гајби, се врза со селотејп за бандера, како дел од герила-акција организирана од иницијативата „Супорт Кочани“. Овој тивок, но моќен протест имаше за цел да ја разбуди јавноста и институциите за трагедијата што го потресе Кочани на 16 март.

Селотејп протест на Плоштад Македонија: Кочанчанец праша – заборавивте ли на трагедијата? Read More »

Мајката на Фросина: „Ова не е сообраќајка – ова е убиство“

На денешното прво рочиште од судскиот процес за трагичното загинување на младата Фросина Кулакова, нејзината мајка Камелија Кулакова побара максимална казна за обвинетиот Васил Јованов, кој се товари дека ја прегазил на пешачки премин во Скопје на 29 јануари.

Мајката на Фросина: „Ова не е сообраќајка – ова е убиство“ Read More »

LENTA

Убиен 25-годишен странски државјанин во центарот на Штип

Во текот на вчерашната вечер, во еден од угостителските објекти на Градскиот плоштад во Штип, беше убиен 25-годишен странски државјанин. Според информациите од Основното јавно обвинителство, жртвата со неколку прострелни рани била пренесена во Градската болница во Штип, каде и покрај напорите на лекарите за реанимација, им подлегнала на повредите.

Убиен 25-годишен странски државјанин во центарот на Штип Read More »

„Марш за ангелите“: Потсетник за болката, барање за одговорност

Во знак на сеќавање и барање правда за загинатите млади во трагедијата во дискотеката „Пулс“, семејствата на жртвите организираат марш под мотото „Марш за ангелите“.

„Марш за ангелите“: Потсетник за болката, барање за одговорност Read More »

Дали е скопската вода добра и дали бигорот е опасен?

Скопската вода се смета за една од најквалитетните во регионот, според надлежните институции. Таа е под постојан мониторинг и ги задоволува сите стандарди за безбедност и квалитет. Сепак, многу граѓани се жалат на бигорот кој често се појавува кога се вријат поголеми количини вода.

Дали е скопската вода добра и дали бигорот е опасен? Read More »

Владата одобри 9 милиони евра за проекти во Гази Баба

Општина Гази Баба ќе добие 9 милиони евра преку јавниот повик за финансирање на инфраструктурни проекти од страна на Владата, потврди градоначалникот Бобан Стефковски. Според него, средствата ќе се искористат за реализација на повеќе клучни проекти од интерес за граѓаните.

Владата одобри 9 милиони евра за проекти во Гази Баба Read More »

Пораките на Гоце Делчев и денес нè водат: Одбележани 122 години од неговата погибија

Со положување свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, денеска беше одбележана 122-годишнината од неговата смрт. Настанот го одбележаа највисоките државни претставници, делегации од Владата, Собранието, дипломатскиот кор, политички партии, граѓански здруженија и граѓани.

Пораките на Гоце Делчев и денес нè водат: Одбележани 122 години од неговата погибија Read More »

Verified by MonsterInsights