Претреси во Битолско, Прилепско, Крушевско и Македонски Брод – запленето оружје и муниција
Министерството за внатрешни работи спроведе серија претреси на 23 мај 2025 година во неколку села низ Битолско, Прилепско, Крушевско и општина Македонски Брод. Акцијата, изведена со судски наредби и координација помеѓу СВР Битола, ОВР Прилеп, ОВР Крушево и ОВР Македонски Брод, резултираше со откривање и запленување на голема количина нелегално оружје и муниција.










