Истрагата за пожарот во Кочани при крај – распрашани над 300 лица
Истрагата за трагичниот пожар во Кочани, во кој загинаа 62 лица, влегува во својата завршна фаза. Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски изјави дека распитите и прибирањето на докази се при крај, и дека за околу десет дена се очекува целосното завршување на истрагата.
Обемна истрага и очекувана обвинителска одлука
Коцевски истакна дека во рамките на истрагата биле испрашани над 300 лица, вклучувајќи сведоци и осомничени. Досега не се појавиле нови осомничени во случајот. Финалната јавнообвинителска одлука се очекува во средината на јуни.
„Во моментов се испрашуваат сведоци, осомничени, се прибираат докази. Распрашани се можеби над 300 лица“, изјави Коцевски.