Анчелоти на излезна врата – Реал веќе размислува за замена

Шокантни информации од Мадрид

По катастрофалната елиминација од Арсенал со вкупен резултат 1:5 во четвртфиналето на Лигата на шампионите, иднината на Карло Анчелоти на клупата на Реал Мадрид е сè понеизвесна. Според „Sky Sports“, Италијанецот веќе ги спакувал куферите, а неговиот последен натпревар би можел да биде финалето на Купот на Шпанија против Барселона.

Разочарувачка сезона за „кралевите“

Реал Мадрид не ги исполни поставените цели ниту во домашното првенство, каде што Барселона има предност од четири бода. Со оглед на моменталната форма, тешко е да се замисли пресврт во завршницата од сезоната. Сето ова ја отвори вратата за неочекуван потег – отказ за Анчелоти пред самиот крај на сезоната.

Потенцијален трансфер во Бразилската репрезентација

Веќе подолго време се шпекулира дека Анчелоти ќе стане нов селектор на Бразил. Доколку Реал официјално го отпушти, тој би можел уште во јуни да ја преземе функцијата и да ги води Бразилците против Еквадор и Парагвај во квалификациите за Светското првенство.

Клоп како можен наследник?

Интересна опција што кружи низ фудбалските кулоари е Јирген Клоп. Германскиот стратег кој најави пауза по заминувањето од Ливерпул, наводно е подготвен да преговара со Реал Мадрид и би можел да ја преземе функцијата по едногодишна пауза.

Verified by MonsterInsights