Зеленски разговарал со Рама – повик за посилна европска поддршка за Украина

zelensky

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека имал телефонски разговор со албанскиот премиер Еди Рама, при што разговарале за европската соработка, поддршката за Украина и неодамнешните руски напади.

Самит Украина–Југоисточна Европа: Рама поканет, присуството потврдено

Зеленски на платформата X напиша дека го поканил Рама да учествува на претстојниот самит Украина–Југоисточна Европа, каде што ќе се разговара за натамошната соработка, безбедносните предизвици и обединетиот европски одговор.

„Ти благодарам, Албанија, за поддршката на Украина и нашиот народ“, напиша Зеленски, додавајќи дека премиерот Рама го потврдил присуството.

Русија продолжува со напади – Украина бара поголем притисок

Зеленски го информирал Рама за последните ракетни и дронски напади врз Украина, посочувајќи дека тие се јасен показател дека Русија нема намера да стави крај на конфликтот. Тој нагласил дека е неопходно „зголемување на притисокот“ врз Москва и дека очекува наскоро да бидат преземени конкретни чекори во таа насока.

Verified by MonsterInsights