(ВИДЕО): Ургентни мерки по катастрофален земјотрес во Грција и Турција – паника и предупредувања

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала го потресе регионот меѓу Родос (Грција) и Мармарис (Турција) во текот на ноќта, предизвикувајќи паника, повредени и, за жал, една жртва. Снимки со вознемирувачки сцени од настанот веќе се шират низ интернет.

Трагедија: Девојче починало по напад на паника

Според турските медиуми, 14-годишно девојче починало како последица на напад на паника, додека се обидувала да побегне при земјотресот. Уште 69 лица се повредени, дел при бегство, други при паѓање или панични реакции.

Земјотрес почувствуван во повеќе земји

Првиот удар бил регистриран околу 00:30 часот на 25 километри од Родос, а друг потрес – во 02:17 часот – го погодил крајбрежниот град Мармарис. Земјотресот бил почувствуван во Турција, Грција, Египет, Сирија и други делови на источниот Медитеран.

Луѓето скокаа од прозорци – паника на улиците

Снимките покажуваат граѓани и туристи како бегаат на улица, скокаат од балкони и прозорци, плашејќи се од рушење на објекти. Во Мармарис се пријавени најмалку седум лица повредени при обид да избегаат од домовите.

Издадено итно предупредување до туристите

Туристите на Родос добија итна порака од тур-операторот TUI, во која се вели:

„Ве молиме останете смирени и следете ги сите безбедносни упатства од сместувањето или локалните служби. Вашата безбедност е наш приоритет.“

Експерти: Нема сериозно цунами, но останете внимателни

Според д-р Џејхун Узчелик од Универзитетот Мугла, не се очекува цунами, но граѓаните се повикани да останат подалеку од брегот најмалку еден час по потресот, поради можни помали последователни бранови.

Verified by MonsterInsights