На денешните претседателски избори во САД, соработниците на Доналд Трамп од Републиканската партија веруваат дека исходот од изборите во голема мера ќе зависи од излезноста на гласачите. Според информации што ги пренесува Си-ен-ен, тимот на Трамп смета дека ова е „најсилниот циклус на кампања“ што тој го водел досега, споредено со изборите во 2016 и 2020 година.
Поддршката за Трамп според анкетите
Истакнати членови од кампањата на Трамп посочуваат дека анкети, како онаа на Ен-би-си Њуз и Волстрит Журнал од изборниот циклус во 2020 година, покажале дека тогашниот кандидат на демократите Џо Бајден водел пред Трамп со околу 10 процентни поени. Меѓутоа, и покрај овој дефицит во анкетите, Трамп сè уште имаше силна поддршка, што се покажало како клучен фактор за успех.
Помал број на „тивки гласачи“ загрижува
Од друга страна, во штабот на Трамп велат дека се загрижени поради намалувањето на бројот на таканаречените „тивки гласачи на Трамп.“ Овие гласачи, кои во претходните изборни циклуси му донесоа значајна предност, сега се помалубројни, што може да има ефект врз исходот од изборите.
Според нив, овие гласачи беа клучни во 2016 и 2020 година, носејќи пресврт во последните моменти од изборниот процес. Сепак, каков ќе биде нивниот ефект оваа година останува неизвесно, и сето тоа зависи од денешната излезност на гласачите, додава Танјуг.