Трамп му се закани на Маск, Маск возврати – а полскиот министер се вклучи со иронија

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Шикорски повторно се најде во директен судир со Илон Маск, но овој пат преку иронична шега упатена по најновата јавна пресметка помеѓу Маск и Доналд Трамп.

Од кавга до сарказам: „Гледај, големи човеку“

На платформата Икс, Шикорски саркастично му се обрати на Маск:

„Гледај, големи човеку, политиката е потешка отколку што си мислеше“

Оваа објава следи по ескалацијата меѓу Маск и Трамп, откако американскиот претседател му се закани дека ќе ги раскине сите државни договори со компаниите на Маск. Милијардерот возврати со контра-предлог – импичмент за Трамп.

Мал потсетник: Маск му порача „Молчи, мали човеку“

Враќањето на Шикорски со сарказам доаѓа неколку месеци по нивниот прв судир, кога Маск му одговори со „Молчи, мали човеку“ по критиките за „Старлинк“ и нејзината улога во Украина.

Тогашниот конфликт се случи откако Шикорски посочи дека Украина мора да размисли за алтернатива на услугите на Маск, поради загриженост за сигурноста и зависноста од приватни компании.

Verified by MonsterInsights