Трагедија во Грац: Пукање во средно училиште, има повеќе жртви

Пукање во училиште во австрискиот град Грац

Повеќе лица се убиени во пукање во средно училиште во австрискиот град Грац, соопштија властите. Настанот се случил претпладнево, а според првичните информации, трагедијата се одиграла во училиштето „БОРГ Драјешиценгасе“.

Министерството за внатрешни работи на Австрија засега не дава прецизни детали за бројот на жртвите и повредените, ниту за идентитетот на напаѓачот или напаѓачите. Австриските медиуми, меѓу кои и весникот „Кронен цајтунг“, јавуваат дека би можело да се работи за осум загинати лица, но бројките не се официјално потврдени.

Полицијата го блокирала регионот околу училиштето и спроведува евакуација на учениците и персоналот. Присутни се силни безбедносни сили, а истрагата е во тек.

Настанот предизвика шок и загриженост низ цела Австрија, а јавноста со внимание ги следи развојот на ситуацијата. Властите најавуваат прес-конференција со дополнителни информации во текот на денот.

Verified by MonsterInsights