Напад со нож од малолетници во Скопје – жртвата во болница

Малолетници нападнале маж со нож во Студеничани

На 06.06.2025 година во 01.00 часот Р.К. (55) од село Студеничани, скопско, пријавил дека претходниот ден околу 20.00 часот во близина на џамија во истото село, бил физички нападнат од две шеснаесетгодишни малолетни лица.

Претходела закана по животот, потоа напад

„На нападот му претходела вербална закана по неговиот живот по што едниот малолетник извадил нож се затрчал кон пријавителот и го нападнал со ножот“, велат од МВР.

Жртвата пренесена во болница со тешки повреди

Од страна на доктор при ГОБ „Свети Наум Охридски“ кај Р.К. се констатирани тешки телесни повреди – убодни рани и истиот бил задржан на понатамоишно лекување.

Случајот е под истрага

Известен е надлежен ЈО, а од страна на ЕУМНА извршен е увид на местото на настанот, додека пак од страна на инспектори од ЕВР-ОКР Аеродором бил сочинет Записник за примање на пријава по чл.123 вв. 19 од КЗ на РСМ.

Verified by MonsterInsights