Телото било извлечено пред плажата на Градскиот кеј
Попладнево околу 14 часот, во близина на Градскиот кеј во Охрид, било пронајдено безживотно тело во водите на Охридското Езеро. Случајот веднаш бил пријавен, а на местото интервенирала и Службата за итна медицинска помош.
Смртта е констатирана на лице место
Медицинскиот тим што пристигнал на терен, по првичниот преглед, ја констатирал смртта на лицето. Засега не се познати личните податоци на починатиот.
Обдукција ќе ги утврди причините
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, изјави дека на телото не се забележани траги на насилство и дека следува обдукција која ќе ги даде конечните информации за причината за смртта.
„Во моментов не можеме да дадеме точни информации. Телото ќе биде предадено на обдукција, а повеќе ќе се знае во текот на утрешниот ден“, изјави Димоски, додавајќи дека местото е обезбедено и се спроведува истрага.