Светски шампиони во лизгање загинаа во авионска несреќа во САД

Судир во воздухот над Вашингтон
Во близина на Вашингтон денеска се случи трагедија кога авион на Американ ерланјс со 64 патници се судри со воен хеликоптер. Двете летала завршија во реката Потомак, а во моментов се трага по преживеаните.

Светски шампиони меѓу патниците
Американските медиуми објавија дека меѓу патниците биле и Евгенија Шишкова и Вадим Наумов, светски шампиони во уметничко лизгање од 1994 година. Се претпоставува дека тие присуствувале на првенството во САД кое се одржувало во Канзас, каде настапувал нивниот син Максим Наумов. Тој го освои четвртото место, но засега не е познато дали и тој бил меѓу патниците.

Трагедија и за лизгачката Ина Волјанскаја
Во авионот патувала и Ина Волјанскаја, поранешна лизгачка и бронзена медалистка во парови, која моментално работела како тренер.

Трагичен биланс
Во истрагата досега се пронајдени 18 безживотни тела, а спасувачките екипи продолжуваат да трагаат по останатите патници.

Verified by MonsterInsights