По жестоките протести во Белград, полицаецот Лазар Баќиќ, кој беше повреден за време на судирите помеѓу полицијата и студентите кај зградата на РТС, конечно се огласи од болница. Баќиќ, кој наводно бил нападнат за време на полициската интервенција, во интервју за Pink.rs раскажа низ каква агонија поминал.
„Мислев дека ударот беше од метален предмет“
Баќиќ истакна дека неговата единица добила наредба да влезе во зградата на РТС ненасилно, но протестантите се обиделе да ги спречат.
„Синоќа при распоредувањето имав задача со мојата единица ненасилно да влезам во зградата на РТС и да ја обезбедиме одвнатре, но група демонстранти не запре. Бев нападнат, добив неколку удари во телото и главата. Од еден силен удар, за кој мислев дека беше со метален предмет или пендрак, веднаш изгубив свест.“
„Моите зборови беа злоупотребени“
По објавите во српските медиуми дека Баќиќ наводно признал во приватен разговор дека бил удрен од колега, тој категорично ги негираше овие тврдења.
„Верувам дека само темелна истрага ќе ја утврди вистината. Но, морам да кажам дека моите зборови беа извадени од контекст. Разговорот што го имав со сопругата на еден мој колега во пензија беше приватен и не беше со намера да се шпекулира или манипулира со фактите.“
Вучиќ и министрите ја следат состојбата
Баќиќ искрено се заблагодари на сите што изразија загриженост за неговата состојба, посебно на српскиот претседател Александар Вучиќ, министрите и лекарите кои му пружиле медицинска помош.
Случајот и натаму останува под истрага, а јавноста со нетрпение очекува нови информации кои ќе го разјаснат вистинскиот тек на настаните.