Сообраќајна несреќа го блокира патот Дебар – Струга

LENTA

Сообраќајка на патот Дебар – Струга, движењето е во прекин во двата правци

Сообраќајот на патниот правец Дебар – Струга е целосно во прекин поради сообраќајна несреќа што се случила денеска попладне.

Според информациите од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), несреќата се случила околу 14:30 часот, а поради неа патот е блокиран во двете насоки.

Засега не се познати детали за бројот на вклучени возила или евентуалните повредени лица. Од надлежните институции се очекува дополнителна информација за тежината на несреќата и кога ќе биде нормализирано движењето на овој фреквентен патен правец.

Надлежните апелираат на внимателност и да се користат алтернативни правци додека трае затворањето на патот.

Verified by MonsterInsights