Сестрата алармира: Виден со долга коса и брада, ослабнат, но препознатлив

Пет месеци молк – нова трага кај „Серта“

Марија Атанасовиќ, сестра на исчезнатиот Миле Тодоров (28) по кого се трага речиси пет месеци, алармираше дека тој бил забележан како се движи по планината „Серта“, но очевидецот не успеал да го запре. За ова, пријава добила и полицијата која постапила. Атанасиевиќ посочува дека ликот на Миле бил видоизменет – со долга коса и брада.

Очевидец тврди: „Му довикав, но избегал во шумата“

„Ве молам споделувајте, по сознанија од очевидец, брат ми Миле Тодоров, исчезнат на 30.01, е виден како се движи покрај планината ‘Серта’, доста бил ослабнат и со долга коса и брада. Ве молам ако се движите таму и видите таков човек, да пријавите во полиција“, стои во нејзината објава.

Апел од семејството: „Ако го видите – пријавете веднаш“

Од МВР за „Скопје1“ посочуваат дека пред два дена добиле ваква пријава од зетот на исчезнатиот Миле. Тој на службениците им пријавил дека очевидецот е негов познаник, а исчезнатиот го видел утрото околу 05:30 часот, додека се движел во правец Неготино–Штип.

Полицијата потврдува: Пријава добиена, терен пребаруван

„Кај планина Серта, забележал лице кое наликувало на исчезнатиот М.Т. и откако му довикнал, лицето се упатило по некатегоризиран пат што води кон шумски предел. Истиот ден, во периодот од 12:00 до 18:00 часот, полициски службеници од ОВР Неготино во содејство со РЦ ГР Југ и Frontex, извршиле пребарување на терен во атар на село Лакавица, штипско, но лицето не е пронајдено“, велат од МВР.

Потрагата продолжува – Миле сè уште не е пронајден

Тие посочуваат дека нивните екипи продолжуваат да преземаат мерки и активности за пронаоѓање на лицето.

Verified by MonsterInsights