Во Зоолошката градина во Скопје деновиве се родија три нови мајмуни од видот Патаси, соопштуваат од установата. Станува збор за едни од најбрзите мајмуни во светот, познати по својата способност да трчаат со брзина од дури 55 километри на час.
„Имаме три нови бебиња во семејството Патаси. Овој тип мајмуни потекнува од африканскиот континент и живее во поголеми групи“, велат од Зоолошката градина.
Патаси мајмуните се познати по својата енергичност, подвижност и социјална природа. Тие се тревојади и главно се хранат со овошје, семиња и лисја. Скопската Зоолошка очекува голем интерес од посетители кои ќе сакаат да ги видат новите бебиња.