Русија нападна со 500 дронови – Харков во пламен по бруталната ноќ

Русија изврши ноќен воздушен напад врз градот Харков, користејќи околу 500 беспилотни летала и балистички ракети. Локалните власти потврдија дека најмалку шест лица се повредени, меѓу кои и седумгодишно дете.

Градоначалникот Игор Терехов соопшти дека најтешко погоден бил округот Холодногирски, каде што експлозиите предизвикале голема материјална штета.


Балинстички ракети удрија во станбени згради

Според украинските извештаи, две балистички ракети го погодиле и округот Киевски – едната детонирала на улица, а другата во близина на станбени згради, предизвикувајќи уништување на фасади и скршени прозорци. Меѓу оштетените се и неколку возила и една цивилна компанија.


Зеленски предупреди пред нападот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски уште порано предупреди дека Русија се подготвува за одмазднички напад по успешната украинска акција во која беа уништени руски воени авиони. Тој апелираше граѓаните да не ги игнорираат воздушните аларми.

„Имавме информации за подготовки за масовен напад. Синоќа беа во воздухот речиси 500 руски дронови, меѓу кои и ударни. Овој пат користеа и крстосувачки ракети од морски платформи“, изјави Зеленски.


Харков под постојана руска закана

Областа Харков е една од најчестите цели на руските напади од почетокот на инвазијата. Урбаните населби често се мета, со сериозни последици врз цивилната инфраструктура и животите на граѓаните.

И покрај сè, украинските власти велат дека се подготвени да одговорат и дека нападите само ја засилуваат решеноста за одбрана.

Verified by MonsterInsights