Рафаел ван дер Варт, некогашен маестро од средниот ред и легенда на холандскиот фудбал, сега е гласен коментатор на актуелните теми и историските моменти во фудбалот. Холанѓанецот, познат по своите изведби во Ајакс, Реал Мадрид, Хамбургер, Тотенхем и репрезентацијата на Холандија, ја сподели својата перспектива за времето кога играше рамо до рамо со Кристијано Роналдо во Реал Мадрид.
Според Ван дер Варт, Роналдо беше олицетворение на посветеност и дисциплина. Тој секогаш беше прв на тренинг и последен заминуваше, фокусирајќи се на совршенството. Неговата физичка подготовка и внимание кон исхраната беа за пример, создавајќи тело кое предизвикува восхит. Ван дер Варт истакна дека оваа посветеност е основата на успехот на португалската ѕвезда.
Велам на шега од сите фудбалери со кои сум играл само на Роналдо пе**сот го немам видено.
Сепак, Холанѓанецот не пропушти да го коментира и индивидуализмот на Роналдо. Тој ја опиша неговата потреба да биде во центарот на вниманието, посочувајќи дека Роналдо често бил разочаран ако не се запише меѓу стрелците, дури и во убедливи победи. Во спротивно, ако тимот изгубеше, но тој постигнеше два гола, сметаше дека резултатот е прифатлив. Ван дер Варт го спореди ова однесување со друг познат напаѓач, Руд ван Нистелрој, нагласувајќи дека тоа беше карактеристично за големите голгетери.
Оваа изјава на Ван дер Варт не само што ги евоцира спомените од неговата кариера, туку и открива интересни детали за менталитетот на еден од најдобрите фудбалери во историјата.