Путин загуби еден од неговите најпознати снајперисти: „Херој на Русија“
Рускиот претседател Владимир Путин го загуби еден од своите најпознати воени борци – легендарниот снајперист Виталиј Шаповалов, кој загинал во борбите во Украина. Веста за неговата смрт предизвика широк одек меѓу воените кругови во Русија.
Загина во Доњецк, се очекува државна почест
Шаповалов, кој имаше 51 година, загинал во градот Часив Јар во регионот на Доњецк. Засега не е објавено како точно настрадал. Руски извори објавија дека Путин планира постхумно да му додели титула Херој на Русија – највисоката државна награда што ја доделува Кремљ. Погребот е веќе одржан со целосни воени почести.
Снајперист со долгогодишно искуство и бројни мисии
Според руските медиуми, Шаповалов бил обучувач на неколку генерации снајперисти во руската армија, од кои некои исто така добиле титули херои. Познат бил по „чесност, праведност и отворен карактер“, а зад себе оставил повеќе од две децении активно борбено искуство.
Имаше пет шестмесечни мисии во Чеченската војна, како и двегодишна служба во Сирија како дел од руската воена интервенција. Бил повеќекратно одликуван за храброст, прецизност и исклучителен придонес во специјалните операции.