Претседателката со порака за 8 Април: „Ромите се богатство за општеството“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до припадниците на ромската заедница по повод 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите, во која ги пофали за нивната културна посебност, истрајност и придонес во општеството.

„Докажавте дека сте креативна, способна, вредна и адаптибилна заедница што заслужува почит,“ стои во честитката.

Таа истакна дека Ромите имаат постигнато значаен напредок – од политичко претставување до културни достигнувања – но дека, сепак, остануваат најмаргинализираната и најдискриминираната заедница.

Сиљановска повика на реална поддршка, афирмативни акции и инклузивни политики, со цел ромската заедница да може целосно да ги изрази своите потенцијали.

„Време е да преминеме од зборови на дела,“ порача таа, додавајќи дека ромската заедница претставува значаен човечки капитал кој мора да биде вклучен во општествениот развој.

„Нека ни е честит 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите,“ заврши претседателката.

Verified by MonsterInsights