Песков: Русија сака дипломатски крај на војната, Путин и Трамп ќе разговараат денес

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија претпочита дипломатско решение за војната во Украина, наместо продолжување на воените дејствија.

Закажан телефонски разговор меѓу Путин и Трамп

Песков потврди дека телефонски повик меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп е закажан за денес во 17:00 по московско време, односно 16:00 по средноевропско време.

– Секако, посакувано е да ги постигнеме нашите цели преку политички и дипломатски средства, изјави Песков, алудирајќи на моменталните мировни напори.

Разговор по првите директни преговори Украина – Русија

Овој повик доаѓа по директните руско-украински мировни преговори во Истанбул на 16 мај – први од пролетта 2022 година. Москва изјави дека е „задоволна“ од исходот и „подготвена да продолжи со контактите“, додека Украина побара средба меѓу Путин и Зеленски.

Од своја страна, Трамп преку социјалната мрежа Truth Social порача:

„Темата на повикот ќе биде завршување на крвопролевањето.“

Verified by MonsterInsights