Сте се запрашале ли зошто имате неред во собата или често пцуете, а некои луѓе ве гледаат како мрзеливи и груби? Истражувањата покажуваат дека овие навики можеби се знак дека сте попаметни отколку што мислите. Според научниците, неуредноста, пцуењето и доцното будење можат да бидат показатели за висока интелигенција. Еве зошто:
1. Неред
Можеби сметате дека неуредноста во вашата соба е знак на лоша организација, но според истражување на Универзитетот во Минесота, луѓето кои живеат во неред се всушност покреативни и имаат повисок коефициент на интелигенција. Ова се должи на фактот што нивниот мозок е постојано зафатен со решавање на важни прашања, па уредноста станува помалку важна. Креативните умови претпочитаат хаотична околина каде што можат да размислуваат надвор од рамките.
2. Доцно будење
Оние кои остануваат будни до доцна и се будат подоцна наутро често се сметаат за мрзливи. Но, истражувањата покажуваат дека овие луѓе имаат различен деноноќен ритам, што е поврзано со повисока интелигенција. Студијата објавена во „Psychology Today“ открива дека луѓето кои остануваат будни до доцна имаат тенденција да бидат попаметни и да имаат покреативни идеи.
3. Пцуење
Пцуењето отсекогаш било сметано за некултурно, но научниците го гледаат како знак на искреност и интелигенција. Истражувањето спроведено на колеџот Марист во Њујорк покажа дека луѓето кои често пцујат имаат поширок речник и подобри комуникациски вештини. Тие се поприродни и поискрени, бидејќи пцуењето често е начин на изразување на вистински емоции.
Овие навики може да изгледаат како нешто што треба да го смените, но научниците докажаа дека тие всушност можат да бидат поврзани со висок коефициент на интелигенција. Значи, следниот пат кога ќе почувствувате вина за вашето однесување, само запомнете дека тоа може да биде знак на вашата генијалност!