Русија остро против нападите: САД обвинети за „апсолутна агресија“
Рускиот претседател Владимир Путин остро ги осуди американските воздушни напади врз Иран, нарекувајќи ги „апсолутно неиспровоцирана агресија“ и додаде дека нема никакво оправдување за тие дејствија. Според него, Русија презема конкретни мерки за да му помогне на иранскиот народ во овие услови на зголемена ескалација на Блискиот Исток.
„Имаме сигурни односи со Иран“ – Путин најави поддршка
Во официјално обраќање за време на средба со иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, Путин рече дека Русија има долгогодишни и стабилни односи со Иран и оти ќе продолжи да вложува напори за поддршка на земјата.
– Тоа е апсолутно неиспровоцирана агресија врз Иран. Нема основа и нема оправдување – рече Путин.
Арагчи: Русија е на вистинската страна од историјата
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, ја пофали реакцијата на Русија, оценувајќи дека Москва стои на страната на меѓународното право.
– Денес, Русија е на вистинската страна од историјата и меѓународното право – рече Арагчи, истовремено изразувајќи благодарност за руската осуда на, како што ја нарече, агресијата врз Исламската Република.
Координација со Ирак – Кремљ најавува интензивна дипломатска активност
Кремљ соопшти дека претседателот Путин разговарал и со ирачкиот премиер Мохамед ал-Судани за состојбата на Блискиот Исток. Детали од разговорот не се објавени, но се очекува засилен дипломатски ангажман на Москва во наредните денови.