Министерството за здравство информира дека медицинските тимови остануваат целосно ангажирани во грижата за хоспитализираните пациенти. Во текот на денешниот ден, пациентите се распределени низ неколку здравствени установи во земјата, а дел од нив се транспортирани во странство со помош на меѓународни партнери.
Распределба на пациентите по болници во Македонија
- Клинички центар – 52 пациенти
- ГОБ „8 Септември“ – 17 пациенти
- Универзитетска клиника „Св. Наум Охридски“ – 12 пациенти
- Клиника за токсикологија – 10 пациенти
- Аџибадем Систина – 7 пациенти
Дополнително, мобилни тимови составени од психијатри и психолози се формирани за да обезбедат психолошка поддршка на пациентите и нивните семејства.
Пациенти испратени на лекување во странство
- Литванија – 4 пациенти
- Австрија – 2 пациенти
- Словенија – 2 пациенти
- Република Србија – 12 пациенти
- Република Бугарија – 1 пациент
Министерството потврди дека во текот на ноќта и утрешниот ден се очекува дополнителен медицински транспорт од Австрија, Грција и Хрватска, со авиони и хеликоптери за натамошен трансфер на пациенти.
Континуирана грижа и поддршка
Министерството за здравство уверува дека сите пациенти испратени во странство се во стабилна состојба и под континуирана медицинска нега.
За сите кои имаат потреба од психолошка поддршка, достапна е телефонската линија 078 378 754, каде што стручни лица нудат советување и помош.
Министерството останува во постојана комуникација со сите надлежни институции и меѓународни партнери за натамошна координација и поддршка.