Во знак на сеќавање и барање правда за загинатите млади во трагедијата во дискотеката „Пулс“, семејствата на жртвите организираат марш под мотото „Марш за ангелите“.
Маршот ќе се одржи во сабота, на 10 мај, со почеток во 16:05 часот – симболичен час кој ги потсетува на моментот кога трагедијата се случи.
Рутата на маршот
Според најавата објавена од Канал8_ТВ, маршот ќе започне од Паркот на Револуцијата, а потоа ќе продолжи по следнава маршрута:
- пред Трговскиот центар,
- потоа пред Општина Кочани,
- Полициската станица,
- и ќе заврши пред Основниот суд и Обвинителството во Кочани.
Организаторите информираат дека сите надлежни институции се уредно известени за одржувањето на маршот, а упатуваат апел до медиумите да покажат разбирање и да ја почитуваат приватноста и болката на семејствата кои го загубија своето најдраго.