Малолетник се обидел да побегне од полицијата при контрола
На 31 мај 2025 година, околу 17:20 часот, полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода малолетно лице од Велес. Според информациите, лицето било затекнато со сомнителна зелена растителна материја, за која постои сомнение дека се работи за дрога.
Фрлил кесе и побегнал – но бил фатен
При обид да биде легитимиран, малолетникот фрлил кесе од џебот и се дал во бегство. Полициските службеници веднаш реагирале и по кратко време го сопреле и привеле во полициска станица.
Материјалот е одземен, следува поднесок
Од местото на настанот била подигната фрлената зелена растителна материја, која ќе биде предмет на вештачење. За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот, против малолетникот ќе биде поднесен соодветен поднесок.