Киев ја поддржа офанзивата врз Иран: „Соработката со Русија го прави закана и за Европа“

Киев отворено на страната на САД и Израел во судирот со Иран

Министерството за надворешни работи на Украина официјално ја поддржа воената акција на САД и Израел против иранските нуклеарни постројки. Во своето обраќање до јавноста, украинските власти истакнаа дека Иран не претставува само регионален безбедносен ризик, туку и директна закана за Европа, со оглед на неговата блиска соработка со Русија.

„Мерките преземени од САД, заедно со Израел, испраќаат јасен сигнал до иранскиот режим – дека е неприфатливо тој да продолжи со својата политика на дестабилизација на безбедносната ситуација на Блискиот Исток“, соопшти украинското МНР.

Поврзаност со руската инвазија

Украина го обвини Иран за соучесништво во руската агресија, наведувајќи дека Иран активно му обезбедува на Кремљ дронови што се користат за напади врз украински цивилни цели.

„Иран е соучесник во агресијата врз Украина и на Москва ѝ обезбедува воена поддршка, вклучително и дронови кои се користат за напади врз украински градови“, додаваат од Министерството.

Заеднички фронт против заеднички непријател

Со оваа отворена поддршка, Киев не само што се вклучува во геополитичката пресметка на Блискиот Исток, туку и јасно повикува на солидарност и координирана акција против Иран како дел од поширокиот конфликт кој, според нив, го засега и европскиот континент.

Украинската изјава доаѓа во екот на најголемите тензии во регионот во последната деценија, по масовниот напад на САД и Израел врз три ирански нуклеарни постројки.

Verified by MonsterInsights