Фудбалерот кој го повреди Донарума со порака: Не беше намерно
Голманот на ПСЖ, Џиџи Донарума, се здоби со сериозни повреди на лицето за време на дербито меѓу Монако и ПСЖ, откако противничкиот играч Вилфред Синго со отворен ѓон налета на неговото лице.
Инцидентот, кој предизвика големо внимание во јавноста, заврши со извинување од страна на Синго, кој преку социјалните мрежи упати порака до Донарума.
„Сакам искрено да му се извинам на Донарума. Мојот потег не беше намерен, но подоцна можев да видам дека се здоби со сериозна повреда. Ти посакувам брза рехабилитација,“ напиша Синго.
Донарума, кој претрпе бројни посекотини и повреди, ќе биде отсутен од тренинзите во следните неколку дена. Деталните прегледи ќе утврдат колку долго ќе трае неговата рехабилитација.
Немилиот настан дополнително ги заостри тензиите на теренот, но спортскиот дух и искреното извинување на Синго наидоа на одобрување од фудбалската јавност.