Најмалку пет лица загинаа, а 35 се повредени во руски напад со беспилотни летала во градот Харков, соопшти Олег Синегубов, шеф на полицијата во регионот. Нападот се случил во Новобаварскиот округ, каде што една повеќекатница била директно погодена, а по експлозијата избил пожар во зградата.
Спасувачките служби се уште се на терен и постои можност бројот на жртви да се зголеми, имајќи предвид тежината на повредите кај некои од повредените и штетите на објектите.
Украина нападната, Русија на одбрана
Истовремено, Москва јавува за одбиен украински дронски напад. Градоначалникот Сергеј Собјанин соопшти дека руската противвоздушна одбрана успеала да пресретне дрон кој летал кон главниот град на Русија, при што остатоци од леталото паднале на одредена локација каде моментално работат итни служби.
Во исто време, руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта се уништени 107 украински дронови над различни делови на руската територија, што го прави овој ден еден од најинтензивните кога станува збор за беспилотни напади од двете страни.
Аеродроми во Москва краткотрајно затворени
Поради активностите во воздушниот простор, привремено бил суспендиран сообраќајот на трите главни московски аеродроми: Внуково, Домодедово и Жуковски. По стабилизирањето на ситуацијата, сообраќајот е повторно воспоставен.
Настаните ја зголемија тензијата на релација Украина–Русија, во период кога двете страни сè почесто користат дронови како дел од своите стратегии за напад и одбрана.