Шест пациенти во критична состојба по трагедијата – се очекуваат нови исписи од странство
Шест пациенти кои се лекуваат во странство по трагедијата во Кочани се во критична состојба. Министерот за здравство, Арбен Таравари, изјави дека станува збор за двајца пациенти кои се на лекување во Клиничкиот центар во Љубљана и четворица на Воено-медицинската академија во Белград.








