Српскиот јутјубер Богдан Илиќ, познат како Бака Прасе, доживеа огромен удар откако сите негови Јутјуб-канали беа избришани од платформата. Оваа вест ја сподели самиот тој преку својот Инстаграм-профил, нагласувајќи дека не ја знае причината за бришењето.
„Штотуку ми ги избришаа сите канали на Јутјуб. Не знам кој, не знам зошто. Ќе ве известам ако дознаам нешто“, напиша Бака Прасе.
Губење на голема месечна заработка
Илиќ беше еден од најуспешните јутјубери во регионот, а според некои проценки, само од прегледите заработувал над 100.000 евра месечно. Со голема база на обожаватели, неговите видеа достигнуваа милионски прегледи, што му носеше значителен приход од реклами и спонзорства.
Останува нејасно дали профилите му се избришани поради кршење на правилата на платформата или поради некоја пријава.
Можно враќање на профилите?
Јутјуб има строги политики за содржината што се објавува на платформата, а досега повеќе популарни креатори на содржини се соочиле со слични проблеми. Во некои случаи, каналите биле вратени по жалба, но засега Бака Прасе нема објавено повеќе детали за следните чекори што ќе ги преземе.
Фановите со нетрпение чекаат нови информации, а многумина се прашуваат дали ова значи крај на неговата кариера на Јутјуб.