Шокантно признание – мафијаш објаснува зошто албанските банди се недопирливи во Велика Британија
Анонимен албански наркобос за британскиот MailOnline изјавил дека британската полиција никогаш нема да може целосно да ги победи албанските криминални мрежи што го преплавија пазарот со кокаин. Причината, според него, е „паметниот систем“ што го користат мафијашите за да ја одржат контролата дури и по апсења.
„Апсењето не е крај – телефонот вреди злато“
Клучната тактика според него е т.н. „продажба на работата“ – ако некој член на бандата биде уапсен, неговиот телефон со сите контакти се продава на друг „оператор“ за сума што достигнува и до 100.000 фунти. Тоа овозможува структурата да продолжи да функционира како бизнис – со ист пазар, исти клиенти и ист профит.
Албански банди – од улици до картели
Албанските мафијаши се веќе децении присутни во трговијата со кокаин во Европа, но нивната експанзија во Велика Британија е особено успешна. Тие преговараат директно со јужноамерикански картели, нудат дрога со повисока чистота по пониски цени, и со тоа го преземаат локалниот пазар од конкуренцијата.
Според NCA (Националната агенција за криминал), албанските мрежи шверцуваат стотици милиони фунти годишно. Поради таа закана, NCA потпиша договор со SPAK, албанската антикорупциска агенција, со цел следење и заплена на имотите на мафијашите осудени во Велика Британија.
Растечки трошоци и немоќен систем
И покрај депортациите и договорите за враќање на затвореници во Албанија, бројката на Албанци во британските затвори значително порасна – од 1,5% во 2010 до 10,6% до крајот на 2024. Со просечна цена од 40.000 фунти по затвореник годишно, Велика Британија троши околу 44 милиони фунти на албански криминалци.
Сепак, наркобосот се фали дека неговата организација ја има доминацијата – во некои области, како Портсмут и Борнмут, тие се главен добавувач.