Водителката на Канал 5, Вера Мештеровиќ, овој викенд реши да го искористи продолжениот одмор и се упати кон јужниот сосед за заслужен релакс. Иако е сред октомври, времето и се погоди, па таа не пропушти да ги почести своите фанови со фотографија од плажа која никого не остави рамнодушен.
Со своето манекенско тело, Вера изгледа неверојатно, па фановите беа воодушевени кога објави селфи со долниот дел од костимот за капење. Поранешната манекенка знае како да ги искористи своите атрибути, а редовните тренинзи и овозможуваат да остане во врвна форма.
По плажното селфи, Вера позираше и во жолт фустан, покажувајќи уште едно нејзино блескаво издание. За нејзините редовни следбеници ова не е ништо ново – тие добро знаат дека Вера понекогаш знае да ги изненади со фотографии каде во фокусот е нејзиното совршено тело.
Секој нејзин пост предизвикува лавина од позитивни коментари, а овој пат, обожавателите имаа уште повеќе причини да ѝ се восхитуваат. Благодарение на нејзината посветеност на здравиот начин на живот и редовните тренинзи, Вера изгледа фантастично, што го потврдуваат и овие фотографии.
Погледнете повеќе од нејзините плажни изданија и откријте зошто водителката важи за една од најзгодните жени на македонската сцена.