Фицо ѝ возвраќа на Калас: „Не смеам да патувам? Не сме 1939-та!“

Словачкиот премиер Роберт Фицо потврди дека ќе отпатува во Москва на 9 мај по повод Денот на победата, и покрај критиките и предупредувањата од некои европски лидери, меѓу кои и естонската премиерка Каја Калас.

„Не смеам да патувам? Нема шанси!“

Фицо остро реагираше на изјавата на Калас дека посетата на Москва нема да биде „добро прифатена“.

„Дали предупредувањето на госпоѓа Калас е облик на уцена или сигнал дека ќе бидам казнет по враќањето од Москва? Не знам. Ама знам дека е 2025-та, а не 1939 година“, изјави Фицо.

Повик за дебата во ЕУ

Фицо додаде дека ваквите пораки се знак дека во рамките на Европската Унија е потребна нова и подлабока дискусија за демократијата, изборните процеси во Романија и Франција, како и за Обоените револуции кои, според него, биле организирани од Запад во Србија и Грузија.

Verified by MonsterInsights