Данската влада најави дека од 1 јули 2025 година ќе се воведе задолжителна воена служба за жени – една година порано од претходно најавеното. Министерот за одбрана Троелс Лунд Поулсен потврди дека оваа одлука е резултат на „актуелната безбедносна ситуација“ и потребата од зголемени воени капацитети.
Службата сега ќе трае 11 месеци
Новите правила предвидуваат и подолга должина на служба. Додека досега обврската траеше 4 месеци, отсега сите регрути – без разлика на полот – ќе треба да служат 11 месеци. Жените досега учествуваа исклучиво на доброволна основа, додека мажите беа селектирани преку лотарија во случај на недостиг од пријавени.
„Целосна равноправност“
Министерот Поулсен изјави дека оваа одлука претставува значаен чекор кон постигнување родова еднаквост во Данска. Иако лотаријата ќе остане дел од процесот, таа ќе се применува само ако нема доволен број на доброволци.
Одбранбениот буџет во раст
Покрај новиот систем, Данска објави зголемување на одбранбениот буџет. За периодот 2026-2027 ќе бидат инвестирани дополнителни 6.8 милијарди евра, продолжувајќи ја тенденцијата на зголемена воена подготвеност започната со дополнителните 5.4 милијарди евра во 2023 година.
Следејќи го примерот на Норвешка и Шведска
Со ова, Данска им се приклучува на Норвешка и Шведска, кои веќе воведоа обврска за воена служба за жени. Норвешка тоа го направи уште во 2015 година, а Шведска ја врати обврската во 2017 и ја прошири за двата пола.