Во едно училиште во Славонија, Хрватска, осмоодделенка предизвика шок и загриженост откако на социјалните мрежи споделила заканувачки пораки, составила список на ученици и позирала со оружје.
Закани со масакр и список на цели
Според информациите објавени од „24 седам“, ученичката отворено се заканувала дека ќе ги убие своите соученици, а некои од нив лично ги навела како цели. Таа користела заканувачки пораки како „Ќе добиеш куршум во челото“, што предизвика паника во училиштето.
Реакција на училиштето и полицијата
Веднаш по дознавањето за заканите, училиштето ги известило надлежните институции, а хрватската полиција поставила патрола за дополнителна безбедност. Ученичката е суспендирана од наставата на седум дена додека се спроведува истрага.
Дополнително, здравствениот инспекторат на Министерството за образование во Хрватска го разгледува нејзиниот досие, со цел да се утврди дали постојат претходни инциденти или знаци на проблематично однесување.
Позадина на случајот
Според неофицијални информации, девојчето потекнува од семејство кое е под надзор на Центарот за социјална работа. Нејзините закани наводно биле предизвикани од инцидент во автобус, каде што неколку ученици ја задевале.
Во моментот, училиштето и полицијата сѐ уште немаат издадено официјално соопштение, но е во тек итен состанок на надлежните служби за да се утврди како ќе се постапува понатаму.