Владата на Федерацијата на Босна и Херцеговина донесе одлука 18-ти март 2025 година да биде прогласен за Ден на жалост во знак на сочувство со жртвите од катастрофалниот пожар во ноќен клуб во Кочани, Македонија.
Трагедија што ја потресе целата регија
На 16 март, пожарот во преполниот ноќен клуб во Кочани однесе најмалку 59 млади животи, додека 155 лица, меѓу кои македонски и странски државјани, беа повредени. Огнот избувнал откако таванот на клубот се запалил и паднал врз присутните за време на концертот на групата ДНК.
Од повредените, 84 пациенти се лекуваат во македонски болници, додека 51 пациент бил пренесен на лекување во странство, благодарение на помошта од Европската Унија и неколку соседни земји.
Македонија побара помош од ЕУ
Македонија официјално го активираше Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, барајќи итна евакуација на 15 пациенти со тешки изгореници. Како одговор, девет европски земји – Хрватска, Грција, Романија, Словенија, Шведска, Литванија, Унгарија, Луксембург и Норвешка – веднаш понудија медицинска помош и капацитети за третман на жртвите.
Истрагата во тек – повеќе лица под истрага
Во врска со несреќата, досега се осомничени 23 лица, од кои 11 се во притвор. Истражните органи продолжуваат со истрагата за да утврдат дали имало пропусти во безбедносните протоколи и лиценците на клубот.
Седумдневна жалост во Македонија – регионот изразува поддршка
На 16 март, македонската влада прогласи седумдневна жалост во целата земја, додека и други земји од регионот, како Србија, Црна Гора и Бугарија, исто така прогласија Ден на жалост во чест на жртвите.