Трагедија во Хрватска: Три деца загинаа во страшен пожар во Чаковец

Три деца загинаа во страшен пожар што избувна во куќа во ромската населба Куршанец, во градот Чаковец, северна Хрватска. Пожарот избувнал доцна синоќа (6 март) на поткровјето на семејната куќа, а огнените јазици брзо ја зафатиле целата конструкција, оставајќи ги децата заробени во пламенот.

Мајката (25) и нејзиното двегодишно дете успеале да избегаат, но се здобиле со сериозни изгореници и моментално се во болница во критична состојба.

Соседите во шок – пожарникарите доцна ги пронашле телата

Хрватската полиција потврди дека пожарот бил пријавен во доцните часови, а сите расположливи противпожарни екипи веднаш биле испратени на терен.

„Кога стигнавме, пламенот веќе ја зафати целата куќа. Направивме сè што можевме, но кога успеавме да го изгаснеме огнот, веќе беше доцна“, изјави еден од пожарникарите за хрватските медиуми.

Телата на трите деца биле пронајдени по завршувањето на интервенцијата.

Можна причина – лоша електрична инсталација

Истрагата за причините на пожарот е во тек, но првичните сомневања на локалните жители укажуваат на неправилно поврзани електрични кабли.

„Сè уште не е официјално потврдено, но голема е веројатноста дека пожарот избувнал поради електричен краток спој. Оваа трагедија ќе остави длабок белег врз целата заедница“, изјави жител на Куршанец.

Полициска истрага и обезбедување на местото

Полицијата и денеска го обезбедува местото на несреќата, додека надлежен обвинител врши увид и собира податоци за истрагата.

Локалните власти изразија сочувство до семејството, а хуманитарните организации веќе започнаа иницијативи за помош на преживеаните членови на семејството.

Трагедијата во Чаковец остави целата земја во солзи, а локалната заедница бара одговорност и подобри услови за живот на жителите на оваа сиромашна населба.

Verified by MonsterInsights