Чешката јавност е во шок откако две жени беа убиени во напад со нож во трговски центар во градот Храдец Кралове. Според официјалните информации од полицијата, осомничениот е уапсен само 10 минути по нападот.
Жртвите не можеле да се спасат
Жртвите, кои работеле во продавницата каде што се случил нападот, имале фатални повреди. Иако медицинските екипи пристигнале за неколку минути, тие не можеле да ги спасат, и покрај обидите за реанимација кои траеле околу 40 минути.
Шеснаесетгодишен тинејџер осомничен за нападот
Полицијата соопшти дека уапсениот напаѓач е 16-годишен чешки државјанин, а при неговото приведување во негова близина бил пронајден нож.
Сè уште непознат мотивот за злосторството
Засега, мотивот на напаѓачот останува непознат. Истражните органи работат на утврдување на можните причини што довеле до овој шокантен чин.