Колумнистката и писателка Ешли Клер ја изненади јавноста со тврдењето дека пред пет месеци станала мајка на дете чиј татко е милијардерот Илон Маск. Веста ја сподели на социјалната мрежа „Икс“, истакнувајќи дека досега не сакала да зборува за тоа, но наводно била принудена од медиумите, кои наводно планирале да ја откријат приказната без нејзина согласност.
Според неа, главната причина за молкот била желбата да го заштити детето од медиумско внимание и потенцијални безбедносни ризици. Таа побара од новинарите да ја почитуваат приватноста на нејзиното семејство и да се воздржат од објавување на информации кои би можеле да имаат негативни последици.
Илон Маск сè уште нема дадено јавен коментар за овие тврдења. Технолошкиот магнат веќе е татко на 11 деца, меѓу кои се и децата кои ги доби со пејачката Грајмс и со извршна директорка на една од неговите компании.