Русија повторно дел од светската економија?
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, изјави дека Русија ќе се реинтегрира во светската економија и европскиот енергетски систем по постигнувањето на мировен договор што ќе го стави крајот на војната во Украина.
Орбан го гледа мирот како економска можност
Во интервју за државното радио, Орбан истакна дека евентуален договор, предводен од американскиот претседател Доналд Трамп, би можел значително да ги промени економските текови во Европа.
„Ако американскиот претседател дојде и направи мир и се постигне договор, мислам дека Русија ќе се реинтегрира во светската економија… европскиот безбедносен систем, па дури и европскиот економски и енергетски систем, тоа ќе даде голем поттик за унгарската економија“, изјави Орбан.
Геополитички импликации
Орбан, кој е познат по своите блиски односи со Трамп, нагласи дека неговата земја ќе има голема економска корист од мировниот договор. „Ќе добиеме многу од мировниот договор“, потенцираше унгарскиот премиер.
Неговите коментари доаѓаат во време на зголемени напори за дипломатски решенија за украинскиот конфликт, додека Европската унија останува поделена во ставовите за идната улога на Русија во европскиот енергетски и економски пејзаж.