Во Реал Мадрид ситуацијата во соблекувалната не е толку хармонична како што изгледа на теренот, а шпанските медиуми откриваат дека двајца од најголемите играчи на клубот престанале да комуницираат по серија недоразбирања.
Според извори блиски до тимот, конфликтот кулминирал по натпреварот во „Копа дел Реј“, кога еден од играчите одбил да се врати во одбрана и да го испочитува барањето на соиграчот. Ова не е првпат да има тензии помеѓу нив, но сега нивниот однос наводно е целосно прекинат.
Овој конфликт не е единствениот што предизвикува вознемиреност во тимот. Винисиус Жуниор, кој веќе неколку пати бил во центарот на контроверзии, наводно не се наоѓа во најдобри односи со неколку соиграчи, вклучително и новите ѕвезди како Килијан Мбапе и Џуд Белингем, кои според извори од клубот, се држат на дистанца од Бразилецот.
Проблемите во соблекувалната не се новост за Реал Мадрид, но со оглед на тоа што тимот е во критична фаза од сезоната, ваквите внатрешни тензии може да имаат последици врз тимската хемија. Сепак, професионализмот на фудбалерите на теренот останува на високо ниво, што е позитивен сигнал дека личните несогласувања нема да влијаат врз резултатите.