Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и португалската репрезентација, Фабио Коентрао, е уапсен поради нелегално одгледување на ракови, пишуваат португалските медиуми. Според извештаите, Коентрао одгледувал повеќе од еден тон морски плодови, вклучувајќи јастози и ракчиња, без потребните дозволи за таква активност.
Од фудбал до риболов
Коентрао ја заврши својата фудбалска кариера пред три години и реши да се посвети на риболовот, следејќи ги стапките на својот татко.
„Татко ми секогаш имаше брод, и оттука доаѓаат моите корени. Кога и да имав време, одев на море. Знаев дека еден ден, кога ќе завршам со фудбалот, ќе го работам ова,“ изјави Коентрао во интервју.
Неговата кариера
Како играч на Реал Мадрид, Коентрао освои две титули во Лигата на шампионите и две шампионски титули во Шпанија. Покрај тоа, ги носеше дресовите на Бенфика и Спортинг, освојувајќи трофеи и со овие клубови.
Во периодот со „кралевите,“ одигра 106 натпревари, додека за португалската репрезентација настапи 52 пати, постигнувајќи 5 гола.