Родри удри по Реал Мадрид: „Никогаш не би го направил тоа!“

Играчот на Манчестер Сити, Родри, кој неодамна ја освои престижната награда „Златна топка“, го изрази своето изненадување поради одлуката на Реал Мадрид да не присуствува на церемонијата во Париз. Според Родри, тој останал изненаден кога добил пораки од пријателите дека шпанскиот клуб нема да се појави, бидејќи нивниот играч Винисиус Јуниор не бил избран за наградата.

„Не ми беше кажано ништо однапред. Додека се подготвувавме за летот, добив неколку пораки од пријатели дека Реал Мадрид нема да дојде. На почетокот не верував и мислев дека тоа се лажни вести,“ изјави Родри.

„Секогаш треба да останете големи и во победа и во пораз“

Шпанецот истакна дека тој никогаш не би направил таков потег. Според Родри, присуството на вакви настани е важно, без разлика на исходот. „На церемонии како ‘Златната топка’, секогаш треба да се појавите, без оглед дали победувате или губите. Такво нешто никогаш не би направил,“ додаде Родри.

Одлуката на Реал Мадрид предизвика големи реакции во спортскиот свет, а многумина го делат мислењето на Родри, сметајќи дека присуството и почитувањето на противниците се клучни во светот на фудбалот.

Verified by MonsterInsights